1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поради кризата се делат откази и во НАТО

Економската и финансиска криза ја присили и НАТО-алијансата да отвори конкретна расправа за реформите и можностите за штедење. Како да се заштеди, а да не се загрози безбедноста?

default

И НАТО ќе мора да штеди! Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен на министрите на 28-те земји членки ќе им ги претстави предлозите за кои алијансата треба да донесе одлуки на есенскиот самит во Лисабон. „Убеден сум дека мораме да внимаваме, да не започнеме со преголеми резови или да штедиме погрешно, за да не ја загрозиме нашата сигурност во иднината“, изјави Расмусен, нагласувајќи дека НАТО и неговите членки мораат да гарантираат дека парите се трошат за она што е навистина важно, пред се‘ за реформите во организацијата.

Расмусен најави дека ќе предложи заштеда и одложување на инвестициите во воениот буџет, во висина од 1,5 милијарди евра. Според најавите, се очекува намалување на агенциите на НАТО кои пружаат технички услуги. Во моментов постојат 14 такви агенции кои вработуваат 7 илјади луѓе, а нивниот број треба да се намали на севкупно 3 агенции.

Националните интереси на земјите-решавачки

Logo der NATO, North Atlantic Treaty Organisation

Се очекува жестока расправа на оваа тема, како и околу можното намалување на бројот на вработените во раководните структури. Мнозинството од околу 13 илјади вработени во овие структури во моментов се на платниот список на државите членки. Реакциите на предлозите се различни, во зависност од интересите на одделните земји-членки.

„Оптимист сум дека можеме да оствариме далекусежна реформа на нашите внатрешни структури. Мојата цел е на есенскиот самит да донесеме конкретни одлуки за рамките на нашите реформи“, вели Расмусен. Уште сега е јасно дека ќе се намали бројот на комисиите во алијансата, а вработените ќе минуваат помалку време на седници.

Но, истовремено, НАТО се соочува и со потребата од дополнување на своите редови во одредени сектори. Во Авганистан, на пример, од 2.300 инструктори потребни за тренинг на армијата и полицијата, недостасуваат уште 450. „Се надевам дека министрите за одбрана ќе успеат да ги надополнат недостатоците“, изјави Расмусен во пресрет на утрешниот (10.06) состанок на министрите за одбрана.

Автор: Ален Леговиќ/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска