1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Попушта притисокот околу основачот на Викиликс

По вчерашното пуштање од притвор на основачот на Викиликс Џулијан Асанж, денеска австралиската полиција ја прекина истражната постапка „Викиликс“ покрената поради објавувањето на американските тајни дипломатски депеши.

default

Џулијан Асанж ја држи в рака одлуката на судот во Лондон

Австралиската влада пред две недели побара од полицијата да истражи дали Џулијан Асанж, инаку австралијски државјанин, извршил кривично дело со тоа што на неговата интернет платформа објавил илјадници доверливи документи на американската влада.

Австралијска Сојузна полиција денеска соопшти дека ја завршила евалуацијата на расположивиот материјал и заклучила дека објавувањето на американските тајни депеши на Викиликс не ги прекршува австралиските закони.

Julian Assange Wikileaks Gründer

Асанж на прес конференција во Женева на почетокот од ноември

Инаку сопственикот на Викиликс Џулијан Асанж синоќа беше пуштен на условна слобода, откако за него беше платена кауција, соопштено е во Лондон, пренесува агенцијата Франс прес. „Се надевам дека ќе ја продолжам работата и ќе ја докажам невиноста“, рече Асанж по излегувањето од затвор. Се очекува тој сега да престојува во Велика Британија, каде ќе има право на ограничено движење, а ќе мора и да носи направа за лоцирање. Одлуката на судот во Лондон да го пушти на слобода Асанж со кауција од 200.000 фунти ја обжали британското обвинителство во име на Шведска, која бара негова екстрадиција поради наводно сексуално насилство и силување.

Асанж, кој ги отфрла обвинувањата на шведските власти, беше уапсен на 7. декември во Лондон врз основа на потерница распишана од Интерпол.

Автор: СН/ГЧ/афп

Редактор: Горан Чутаноски