1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Попуштање меѓу Израел и радикалниот Хезболах?

Радикалното шиитско движење Хезболах вчера и’ предаде на израелската армија посмртни останки од десетина војници, загинати во последната Либанска војна во 2006-та. Израел пак кусо пред тоа ослободи шпион на Хезболах

default

Насер- по шест години на слобода

Овие чекори на попуштање меѓу Израел и Хезболах се случија токму за време на посетата на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер на Либан, кој денеска се среќава со израелската колешка по функција Ципи Ливни.


Предавањето на разузнавачот на Хезболах милицијата Насим Насер се случи под покровителство на Меѓународниот Комитет на црвениот крст. Нему на либанска територија му беше приредена голема воена парада. И во предавањето на посмртните останки на израелските војници посредуваше Меѓународниот комитет на црвен крст, но фактички многубројните контакти зад сцената меѓу страните во либанскиот конфликт ги овозможија припадници на германските тајни служби. Како и во повеќе прилики порано, тие посредуваа меѓу завојуваните страни, а познавачите на приликите посочуваат дека вчерашната размена е допрва почеток на поопсежна размена на затвореници.


Штајнмаер е оптимист


Тоа за време на вчерашната посета на Либан го најави и германскиот Министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер:

„Сакам заедно со вас да се надевам дека овој чекор ќе донесе нова динамика во преговорите кои се водат доверливо и дека ќе има и нови резултати од нив.“

Libanon Frank Walter Steinmeier und Michel Suleiman

Франк Валтер Штајнмаер и либанскиот претседател Мишел Сулејман


Како Штајнмајер, така и израелската страна се надева дека конечно ќе ги добие двајцата војници, кои Хезболах ги зароби летото 2006 -та година и кои беа повод за почетокот на едномесечната војна. За возврат за Ехуд Голдвасер и Елдад Регев, Израел според најавите ќе пушти на слобода повеќемина либански затвореници. Меѓу нив би требало да се најде и Либанецот Самир Кунтар, кој веќе 30 години се наоѓа во израелски затвор.