1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Попуст на попустот

Проценти, попусти, летна распродажба - во Германија речиси и нема излог без вакви најави. Трговијата на мало досега помина без потешки последици од кризата. Потрошувачите и натаму се расположени за трошење.

default

Дојдете и уверете се - гласи рекламната порака на трговците

Трговците на чевли нудат дополнителни проценти намаление на веќе намалените цени, како на пример, Улрике Вагнер. „Или купувате три пара чевли со намалена цена, а најевтиниот го добивате бесплатно, или пак, купувате два пара со веќе намалени цени, а поевтиниот од нив уште го добивате и за половина цена“, објаснува Вагнер.

Во времиња на економска криза трговците смислуваат разни идеи - попуст врз веќе намалена цена, или, како една голема стоковна куќа - бесплатни кафе и кроасани за ловците на евтини работи, кои уште рано изутрина чекаат да бидат отворени продавниците. Купувачите му се

Sommerschlußverkauf in Frankfurt

За попуст од 90% ќе се продаде и она што трговците и сами го сметаат за грдо

радуваат на кафето, но уште повеќе на заштедените пари. „Си купив маичка. Редовната цена, ми се чини, е 15 евра, а јас ја најдов за шест“. „Еден костум, две кравати, две кошули, пар кожени чевли сега ги платив вкупно околу 300 евра. Регуларно би чинеле 500“.

Значи, секако се исплати.

Попуст од 90%?

Кога трговците не можат да смислат ништо оригинално, тогаш едноставно нудат рекордни попусти, како еден трговец со облека од Келн, кој рекламира попуст од 90 проценти. Тука, сепак, има и работи, кои без тој попуст не би можеле ни да бидат продадени. „Нам ни‘ е потребно место и едноставно мораме да се ослободиме од одредени артикли кои слабо одат и се останати уште од минатото лето. Така доаѓа и до овие попусти од 90 насто“, образложува трговецот.

Но, за десет наместо за 99 евра ќе се продадат и чевли, кои и самиот трговец ги смета за грди.

Sommerschlussverkauf in Deutschland

Се купува и што треба и што не треба, важно - евтино е!

Кризата, сепак, им создава проблеми и на трговците, и без попусти не оди бизнисот. „Дефинитивно се забележува дека потрошувачката малку опадна. Поради тоа се обидуваме да нудиме поволни цени за да го свртиме вниманието на купувачите“.

Постојано се вели дека кај личната потрошувачка кризата уште не се одрази многу сериозно, но муштериите им се радуваат на големите попусти. „Сега е криза, луѓето немаат пари и супер е кога купувам на пример панталони за мојот маж за пет евра, а и за децата по две-три евра“.

Еден феномен е присутен и на годинашнава летна распродажба - и покрај високите попусти и полни кеси донесени дома, одвај нешто да се заштеди. „Процентите мамат, но - барем јас - купувам и други работи, оти веќе се разграбани броевите за кои важи попустот“.


Автор: Јерн Зауервајн / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска