1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски ќе побара од Бан да се почитува одлуката од Хаг

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Њујорк треба да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун.

default

На средбата меѓу македонскиот министер за надворешни работи и првиот човек на Светската организација се очекува да стане збор за пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и нејзиното игнорирање, особено во контекст на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.

Попоски ќе побара од Бан Ки Мун да се заложи за почитување на одлуката на Судот кој работи под покровителството на ОН, а со која беше потврдено дека блокрањето на членството на Македонија во НАТО е нелегално.

„Одлуката од Меѓународниот суд на правдата е солидна основа која може да помогне да се решава проблемот меѓу Македонија и Грција. Обединетите нации дефинитивно се рамката во која се дефинирани правилата за билатералните односи меѓу двете земји. Во услови кога Македонија сака да го оствари членството во НАТО и ЕУ, а Времената спогодба тоа го гарантира, сметаме дека тоа се силни аргументи кои мора да бидат вреднувани“, изјави Попоски пред заминувањето за Њујорк.

Средбата со генералниот секретрар на Светската организација се смета како за еден од последните обиди да се издејствува Македонија да се најде на агендата на претстојниот самит на Алијансата во Чикаго.

Министерот за надворешни работи во Њујорк треба да се сретне и со посредникот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц.

Попоски во САД ќе има средби и со конгресмени, експерти и други влијателни поддржувачи на Македонија од кои ќе побара поддршка за што побрза интеграција во НАТО.          

Поврзана содржина