1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски ќе бара од Аврамопулос конструктивност

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски попладнево (24.09.) има средба со грчкиот колега Димитрис Аврамопулос во седиштето на ОН во Њујорк.

Попоски пред заминувањето за Њујорк, истакна дека не треба да создаваат посебни очекувања од средбата со Аврамопулос. Тој соопшти дека на својот грчки колега ќе му пренесе оти Македонија сака соработка и добри односи со Грција и оти Атина ќе има огромни придобивки од македонското членството во ЕУ и НАТО, а фактот што е дел од овие семејства, треба да биде мотивација за грчката Влада да помогне во овој процес и да не биде фактор кочничар како досега. Попоски, според најавите, ќе му порача на Аврамопулос дека изминатите 20 години покажале оти грчките аргументи за спорот немаат основа, бидејќи Македонија ниту претставува закана за Грција денес ниту пак постои каков било ризик од територијални и безбедносни закани кон неа.

Аврамопулос разговараше со Бан

Ова ќе биде прва средба на Попоски и Аврамопулос и прв контакт на високи официјални претставници на двете земји по подолг период. Грчкиот министер за надворешни работи за прашањето за името вчера во седиштето на Светската организација разговарал и со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Според пишаната изјава објавена на сајтот на грчкото МНР, Аврамопулос му објаснил на Бан Ки Мун „како стојат работите денес и зошто не се продолжува во насоката што сите ја посакуваат, во рамките на процесот што се одвива под покровителство на ОН“.

Griechenland Finanzminister Dimitris Avramopoulos

Димитрис Аврамопулос

„Јасно е дека тоа не е поради Грција. Ние ја истакнавме потребата што е можно побрзо да се одговори на преземените иницијативи со целосна почит кон историјата на нашата земја. Од друга страна, изнаоѓање решение ќе биде во интерес на стабилноста, мирот и соработката во овој чувствителен дел на Европа“, се наведува во изјавата на Аврамопулос.

Средба со Бан Ки Мун треба да има и македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Предвидено е двете страни во Њујорк да се сретнат и со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.