1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: „Славјано-албанска Македонија“ не заслужува коментар

Министерот за надворешни работи Никола Попоски смета дека воопшто не заслужува коментар предлогот „Славјано-албанска Македонија“, што го дала Грција на последната рунда разговори за спорот за името во Њујорк.

default

„Не мислам дека воопшто заслужува коментар, изјави шефот на дипломатијата кој одговараше на новинарски прашања, по обраќањето на дебатата за „Економската стратегија на НР Кина кон земјите на Централна и Источна Европа – можност за стратегиско партнерство со Република Македонија“ организирана од Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи.

За тоа дали има шанси да се постигне договор со Бугарија до декември, според некои навестувања на европратеникот Ричард Хауит, Попоски рече дека не сака да шпекулира околу датумите, но дека она што го има како комуникација со Бугарија остава простор за натамошно подобрување на климата.

„Од бугарска страна беа упатени пораки дека не сакаат Бугарија да бидат пречка на европските интеграции на Република Македонија. Мислам дека од пораките што ги чувме, и од властите и од опозицијата, дека Бугарија не би посакувала да биде пречка за македонската интеграција. Се надевам дека тоа ќе биде поткрепено со конкретни дела“, изјави Попоски.

Работните групи на двете министерства, потсети шефот на дипломатијата, имаа интензивна комуникација и таа ќе продолжи.

„Таа комуникација ќе продолжи и сметам дека без разлика на тоа кога и како ќе постигнеме договор за некаков текст на договор, многу позначајно од тоа е како во практичниот живот ќе се однесуваме, односно пораките кои ќе ги упатуваме и конкретните проекти како ќе ги реализираме помеѓу Македонија и Бугарија“, вели Попоски.

Неодржувањето на средбата на Mешовитиот комитет Македонија-ЕУ, и информациите дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе и директорот на Директоратот за проширување Кристијан Даниелсон нема да дојдат во Македонија, според Поповски не треба да се поврзува со европската агенда.

„Се работи за конкретни оперативни договори за состаноци. Убеден сум дека состанокот меѓу пратениците ќе се реализира, со ЕК имаме многу отворен и директен дијалог кој секојдневно се случува. Впрочем премиерот беше пред помалку од две седмици во Брисел имаше средби со комесарот Филе, со партнери од земји-членки. Таа комуникација се одвива и тука постои само едно клучно прашање, а тоа е дали ќе успееме да ја убедиме и Грција дека може да има можност да биде контруктивен партнер и да го искористи своето претседавање со Европската унија за некој гест кој би бил во правец на европските интеграции, а не во правец на блокадите, она што веќе пет години го прави“, вели Попоски.

Поврзана содржина