1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: Почеток на преговори со ЕУ како поттик и за спорот за името

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски имаше средба со aмбасадорите на земјите-членки на Европската Унија во Македонија.

Европската Унија што побрзо да ги отвори пристапните преговори со Македонија, одлука што ќе даде значаен поттик и на процесот на надминување на спорот со името со Грција, побарал шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на брифингот со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, одржан денеска (20.04) во Скопје. Попоски посочил дека претстои динамична агенда во односите со ЕУ, која според него, се очекува да резултира со дополнителни аргументи за подготвеноста на земјата да ги започне пристапните преговори.

Како што соопшти МНР, на состанокот, кој е во рамките на редовната пракса на одржување работни средби со амбасадорите, со цел размена на мислења за актуелни прашања од евроинтеграцијата на Македонија, Попоски како најактуелните настани кои претстојат ги посочил вториот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво, кој треба да се одржи на 7 мај во Скопје под ко-претседателство на премиерот Никола Груевски и комесарот Штефан Филе и редовните годишни состаноци, деветти по ред, на највисоките тела согласно Спогодбата за стабилизација и асоцијација - Советот за стабилизација и асоцијација (23 јули во Брисел) и Комитетот за стабилизација и асоцијација (30-31 мај во Скопје).

„Владата и администрацијата се целосно посветени на реализацијата на утврдените цели и активности, не само во клучните пет приоритетни области кои се предмет на Пристапниот дијалог, туку и во сите останати области опфатени со Копенхашките критериуми за членство, согласно Националната програма за усвојување на правото на ЕУ“, истакнал Попоски.