1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: Подобро подготвени за преговори и од некои членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски тврди дека Македонија е подобро подготвена да го почне процесот на пристапување кон Европската унија од некои земји кои веќе уживаат во статусот земја-членка на ЕУ.

Македонија е подобро подготвена за старт на пристапниот процес со Европската унија од некои земји коишто веќе го уживаат статусот на членка, вели шефот на дипломатијата Никола Попоски за магазинот на Европскиот парламент, „The Parliament". Попоски посочува дека Македонија, којашто кандидатскиот статус го стекна заедно со Хрватска во 2005. година, е желна процесот на преговори да се движи напред.

Шефот на дипломатијата посочува дека јавната поддршка за членство во Европската унија секогаш е околу 85 до 90 отсто, иако, како што посочува весникот, граѓаните покажуваат пад на довербата во европските институции. Попоски, за „The Parliament" го оценува стартот на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ како корисна алатка што ќе и’ овозможи на земјата да ги усвои европските критериуми. Но, истовремено, Попоски посочува дека тоа не може да биде замена за пристапните преговори.