1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски очекува поголема комуникација со Бугарија

Шефот на македонската дипломатија вели дека зачестената комуникација со источниот сосед може да ги зголеми довербата и соработката. Бугарија бара измени во школските учебници.

Зголемена комуникација може само да го зголеми нивото на доверба меѓу Македонија и Бугарија и да ги зголеми можностите за уште поголема соработка во иднина.

Ова е ставот на министерот за надворешни работи Никола Попоски, откако во четвртокот преку писмо го повика неговиот бугарски колега Николај Младенов да го посети Скопје, покана што шефот на бугарската дипломатија индиректно ја отфрли преку медиумите.

„Неформално имаме многу често можност да се среќаваме, без разлика дали е во Обединети нации, Вишеградската група, на ниво на министри за надворешни работи барем редовно се среќаваме. Тоа што сметам дека е исклучително значајно е, исто така, и гестот. Доколку говориме за добрососедство, повторив дека првата работа на која помислуваме е искреноста, отвореноста, отворената комуникација и во тој контекст би сметал дека размените на посети меѓу министри за надворешни работи или политички претставници од соседни земји е нешто на што мораме да работиме и што би требало да ги одразува односите кои се на одлично ниво меѓу граѓаните и бизнисите на двете земји, конкретно тоа се однесува и на односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во секој случај, не сметам дека има што и да е негативно во зголемена комуникација. Сосема спротивно, сметам дека зголемена комуникација може само да го зголеми нивото на доверба и да ги зголеми можностите за уште поголема соработка во иднина“, изјави Попоски.

Спорни учебници

Откако Младенов посочи на содржините во македонските училишни учебници по историја поврзани со Пиринска Македонија, Попоски го повтори ставот дека историјата треба да се остави на историчарите.

„Сметам дека постигнавме определена согласност околу тезата дека историјата треба да биде оставена на историчарите. Мислам дека доколку се придржуваме до овој принцип, можеме да обезбедиме најдобро ниво на соработка“, рече Попоски.

Bulgarien Außenminister Nikolaj Mladenow

Николај Младенов

По упатената покана за посета на Скопје, Младенов во интервју за Дарик радио рече дека по неговата средба со Попоски во Њујорк треба да се помине на конкретни дела во односите меѓу двете земји.

„Се сретнав со министерот Попоски во Њујорк, имавме долг разговор, значи нема потреба натаму да дебатираме. Ни требаат резултати сега. Македонија смета на поддршката на Бугарија за приклучување во ЕУ. Оваа поддршка, исто така, зависи од извештајот на Европската комисија за Македонија, по кој ќе се одлучува за месец и половина. Кристално јасно е дека е невозможно да успеат за месец и половина од нивните училишни учебници да ги исфрлат содржините според кои Бугарија ја окупирала Пиринска Македонија, со што била поделена нивната земја и народ“, рече Младенов во неделата за Дарик радио.

Поврзана содржина