1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски не очекува Бугарија да ја попречи ЕУ иднината на Македонија

Минатото не треба да биде пречка за развој на иднината, вели министерот Никола Попоски за македонско-бугарските билатерлани односи. Тој не очекува дека Бугарија ќе ја попречува македонската евроинтеграција.

„Убеден сум дека во Бугарија не постои никаква придобивка од негативен став кон Република Македонија. Мислам дека нашиот искрен и отворен однос, кој беше повторен и на последната премиерска средба Груевски - Борисов во Скопје и на претходните министерски средби кои ги имавме се доста добар индикатор за тоа што сакаме да постигнеме. Сакаме коректен, отворен и конструктивен однос помеѓу два европски партнери. Би било исклучително штетно доколку Бугарија игра улога на попречувач на евроинтеграциските процеси на Македонија, со оглед на тоа што е земја од последниот бран на проширување на Унијата, и е земја која има видено огромни придобивки од таа интеграција. Не постои никаков аргумент Бугарија да дозволи какви било попречувања во иднина за реализација на европскиот проект кој вклучува и членство на Македонија во ЕУ“, изјави за ДВ во Охрид министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски. 

„Една од клучните пораки што ја упативме од сите средби е дека со историјата треба да се занимаваат историчари и дека не смееме да дозволиме минатото да биде пречка за развој на иднината. Тоа значи почитување и на меѓусебните ставови и права за самопределување Исто, како што Македонија и Македонците ја почитуваат Бугарија и Бугарите, исто, толку треба и бугарските граѓани и бугарската држава да ја почитуваат волјата и чувствата на Македонија и на македонските граѓани“, изјави министерот Попоски.

Во очекување на новата бугарска Влада која треба да биде избрана во мај, со земјата раководи техничка влада на премиерот Марин Рајков. За можната динамиката на македонско-бугарските односи, министерот Попоски, вели: 

„Остануваме посветени за реализација на сите проекти и инцијативи кои ги имаме поддржано. Постоеше најава, која се надевам дека ќе се реализира за кусо време, за продолжување на средби помеѓу претставници на министерствата за надворешни работи. Наша оценка е дека и натаму сакаме да имаме квалитативно подобрување што е можно поголем број контакти, вклучително и на политичко ниво и сметаме дека тоа е одраз на одличните односи кои постојат помеѓу луѓето и бизнисите од двете земји. Целта ни е да ги оставиме позади нас сите оние вештачки креирани проблеми кои мотивраа определени блокади во односите меѓу Македонија и Бугарија,“ рече за ДВ министерот за надворешни работи на РМ Никола Поповски.