1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски на министерска средба на ЕУ и земјите кандидати

Главна тема на состанокот на кој покрај министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ ќе учествуваат и нивните ресорни колеги од државите кандидати за членство во Унијата ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на покана од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, денеска во Брисел ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на државите - кандидати за членство: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.

„Главна тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со Втората женевска конференција за Сирија, уставниот процес во Египет, Самитот на ЕУ за источното партнерство (ноември 2013), Царинската унија која ја промовира Руската Федерација, како и ситуацијата во Украина“, соопшти македонското МНР.

Ќе се разговара и за заклучоците од состанокот на Европскиот совет за заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, одржан во декември 2014 година, во насока на идентификување на идните активности кои имаат за цел подобрување на ефикасноста на воените и цивилните мисии на Европската унија.