1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: Македонија заслужува да оди напред кон ЕУ

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски, во Лондон учествуваше на дебата посветена на Македонија, организирана од Европскиот совет за надворешни односи.

default

Шефот на македонската дипломатија на дебатата организирана од Европскиот совет за надворешни односи информираше за реформите што Македонија ги презема со цел интеграција во ЕУ и НАТО, за спорот за името со Грција и за севкупната состојба во земјата.

„Тоа што Грција има проблеми не значи дека нашиот живот треба постојано да се влошува. Ние имаме наши цели, а тоа се влез во НАТО и во ЕУ“, рече Попоски.

Македонија заслужува да оди напред во евроинтеграциските процеси, порача Попоски во Лондон .Повеќегодишното одлагање на почетокот на преговорите за влез во ЕУ, според Попоски, придонесе само за намалување на довербата на граѓаните.

Претставник на британското Министерство за надворешни работи ја пренесе поддршката на Лондон за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО, посочуваќи дека тоа е цел и на Велика Британија, бидејќи на тој начин ќе се постигне просперитет и безбедност во регионот. Македонија досега требаше да биде дел од НАТО, изјави поранешниот генерален секретар на Алијансата Џорџ Робертсон, кој сепак порача дека Македонија треба да биде пофлексибилна во спорот околу името.