1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: Кризата во Грција не смее да биде пречка за евро-атлантските интеграции

Наредната година ќе биде исклучително интензивна година на дипломатски план со голем број активности и агнажирање на целата дипломатска мрежа, најави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

default

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Економските предизвици на Грција во никој случај не смеат да бидат причина за избегнување на реализацијата на стратешката цел на регионот – интегрирање на Македонија во ЕУ и НАТО, порача македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. Тој дополни и дека Македонија не дава аргументи за неконструктивност во преговорите за името и побара да се избегне концептот на негирање на таквиот став на македонските власти. Попоски денеска и утре ќе претседава со Амбасадорскиот совет, на кој македонските дипломати ќе добијат насоки за интензивирано политичко и економско делување во следната година.

Попоски денеска потенцираше дека исклучителна можност е отворена со добивањето на третиот последователен позитивен извештај на Европската комисија за напредокот на земјата и со пресудата од Хаг.

Автор:АМ/СН/миа/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски