1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски и Хауит принудно слетаа на „Александар Велики“

Утрово авион на чешката компанија ЦСА, кој летал на релација Прага – Скопје принудно слетал на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Во авионот биле министерот Попоски и европратеникот Хауит.

default

Авионот „Боинг 737-700“ четириесетина минути кружел над скопскиот аеродром. Потоа, капетанот соопштил дека авионот има технички проблем во еден од деловите на крилата, кои служат за кочење. Патниците биле известени дека делот не работи и авионот ќе мора принудно да слета.

Екипажот ги подготвил патниците за принудното слетување и им рекол да ги извадат високите потпетици, протезите, очилата, да ги откопчаат кошулите и да седнат во фетусна положба, за со рацете да ја заштитат главата. При слетувањето се појавил и чад од гумите, а капетанот го запрел авионот речиси на крајот од пистата, која беше продолжена пред отворањето на новиот аеродром.

Околу пистата на „Александар Велики“ биле распоредени противпожарни и возила на брзата помош. Сите патници, меѓу кои и министерот за надворешни работи Никола Попоски, известувачот за Македонија во Европарламентот Ричард Хауит, како и две новинарски екипи, слетале безбедно.

Техничкиот проблем на леталото на ЦСА и принудното слетување го потврди и концесионерот на аеродромот „ТАВ Македонија“.

„Не се случил никаков инцидент за време на самото слетувањето и немало никакви последици“, стои во информацијата од „ТАВ Македонија“.

Автор: АМ/АТ/миа

Редактор: Александра Трајковска