1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: Да се почитува меѓународното право

Средба на Попоски и Санино: во Извештајот за напредокот во 2012-та година, Македонија очекува признавање на статусот на „функционална пазарна економија“ и употреба на придавката „македонски“ според праксата во ОН.

default

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со генералниот директор за проширување на ЕУ Стефано Санино, кој престојува во дводневна посета на Македонија.

На средбата, како што соопшти МНР, Попоски ја нагласи потребата од одржување на кредибилитетот на процесот на проширување со оглед на фактот дека Македонија не доби датум за почеток на пристапни преговори и покрај препораката од Европската комисија (трета година по ред). Ова, заедно со избегнувањето на употребата на придавката „македонски“, доведе до значителен пад на довербата во европските институции кај македонската јавност (според последното истражување на Евробарометар).

Македонија ќе биде активна во преговорите за името

Исто така, Попоски се задржа на очекувањата на Република Македонија од Пристапниот дијалог на високо ниво со посебен акцент на постигнувањата кои државатаќе ги оствари во оваа година. Притоа ја истакна потребата од премин на Република Македонија во втората фаза на имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Во однос на Извештајот за напредокот во 2012-та година, Македонија очекува признавање на статусот на „функционална пазарна економија“ и употреба на придавката „македонски“ според праксата во Обединетите нации.

Flaggen der EU und Mazedonien in Skopje

Министерот Попоски нагласи дека Република Македонија доследно ќе ги почитува одредбите за визниот режим со ЕУ. Во однос на пресудата од Меѓународниот суд на правдата тој се заложи за почитување на принципите на меѓународното право и ја повтори посветеноста на Република Македонија за решавање на спорот со Република Грција преку активно учество на преговорите кои се водат во Њујорк со помош на медијаторот Нимиц, а под покровителство на ОН.

Приоритет-владеењето на правото и реформа на јавната администрација

Генералниот директор Санино истакна дека ЕК ќе се заложи за премин на Република Македонија во втора фаза на Советот за стабилизација и асоцијација. Тој има големи очекувања од Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу РМ и ЕУ, кој треба да се одржи во периодот февруари-април оваа година. Ја нагласи потребата од приоритетизација и проактивен однос на Македонија во кластерот „Владеење на правото“ (поглавја 23 и 24 - судство, слобода на медиуми, борба против корупција) и „Реформа на јавната администрација“.

Санино се согласи дека Македонија ги исполнува главните претпоставки за добивање статус на „функционална пазарна економија“ и нагласи дека ЕК уште еднаш ќе се наврати на ова прашање со вклучување на ЕКФИН.

Автор: ЖА/СН/миа

Редактор: Симе Недевски