1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: Градиме клима за решавање на спорот со Грција

Шефот на македонската дипломатија изјави дека иницијативите од Скопје се позитивни и ја повика Атина сериозно да пристапки кон нив

Република Македонија има намера да направи што е можно поповолна клима за да има какво било придвижување во насока на решавање на наметнатиот спор од Грција по однос на нашето уставно име, изјави денеска во Охрид македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

„Нашата цел е дефинитивно да има исчекор и ова неразумно и неоправдано блокирање на македонското интегрирање во рамки на ЕУ и НАТО кое ни го има наметнато Грција со блокадата врз основа на спорот да биде надминато и отстрането“.

Тој појасни дека во таа насока Македонија и настапила, преку серија предлози од широк видокруг, од најпрактично ниво како отворање на граничниот премин „Маркова нога“, нешто што дефинитивно е во духот на европските интеграции и би овозможило подобро поврзување меѓу двете земји, до онаа подготвеност за средби на највисокото политичко ниво во било кое време и контекст што би бил прифатлив за грчките соговорници.

„Со таа цел и настапивме и доколку е навистина сериозно оаа посветеност за отстранување на овој спор, доколку се навистина искрени намерите на Грција тоа да биде ставено зад нас и да не се попречува патот на Македонија во евроатланските интеграции, тогаш треба сериозно да се пристапи кон овие иницијативи“, рече шефот на македонската дипломатија.