1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски во посета на Брисел

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре е во посета на европските институции во Брисел, во функција на продолжувањето на европската и евро-атлантската интеграција на Македонија.

Mazedonischer Außenminister Nikola Poposki in Berlin Wer hat das Bild gemacht/Fotograf? Silvera Padori-Klenke Wann wurde das Bild gemacht? 6. September 2011 Wo wurde das Bild aufgenommen? Mazedonische Botschaft DW/ Padori

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Попоски ќе има средби во Европскиот парламент и Европската комисија во функција на продолжувањето на европската и евро-атлантската интеграција на Македонија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, министерот Попоски ќе настапи и во Центарот за европски политики во Брисел при што ќе зборува за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, во контекст на неодамна објавената пресуда од страна на Меѓународниот суд на правдата.

Пред претставници на дипломатскиот кор, на европските институции и на медиумите, во влијателниот бриселски тинк-тенк ќе бидат изложени очекувањата на Република Македонија во евро-атлантската и европската интеграција по објавување на пресудата на Судот во Хаг, а истовремено ќе биде направен и осврт на реформските активности на Македонија на патот кон членството во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ.

Автор: ЖА/АТ/миа

Редактор: Ж.Ацеска