1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски во Брисел - најавена средба со Димас

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски од денеска (22.03.2012) до недела (25.03) ќе престојува во работна посета на Брисел.

default

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на покана од високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати, на маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата на Брисел, Попоски ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Ставрос Димас, како и со министерот за надворешни работи на Кипар Ерато Козако-Маркулис, претседавач со Советот на Европската унија во периодот јуни-декември 2012 година. Предвидено е Попоски да оствари средба и со својот српски колега Вук Јеремиќ, како и со советникот во Европската служба за надворешна акција и олеснувач во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Роберт Купер.

Министерот Попоски денеска ќе учествува на церемонијата која по повод пристапувањето на Македонија во Механизмот и финансискиот инструмент за цивилна заштита на ЕУ ќе биде организирана од страна на Европската комисија. На церемонијата ќе учествуваат комесарот Кристалина Георгиева, одговорна за меѓународна соработка, хуманитарна помош и одговор на кризи, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Предвидено е министерот Попоски и комесарот Георгиева да одржат и билатерална средба на која ќе стане збор за соработката во областите од нејзина надлежност и за европската интеграција на Македонија воопшто.

Попоски ќе учествува и на „Бриселскиот форум“, годишен состанок на високо ниво на влијателни личности од политичката и деловната сфера од Европа и Северна Америка, на кој се разгледуваат актуелните предизвици од двете страни на Атлантикот. Тој ќе биде говорник на сесијата посветена на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Балканот.