1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски во Берлин на средба со Вестервеле

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски престојува во работна посета на Германија, во чии рамки тој ќе оствари средба со неговиот германски колега Гидо Вестервеле.

default

На средбата меѓу сојузниот германски министер за надворешни работи Гидо Вестервеле и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски се очекува двајцата соговорници да разменат мислења за политичките и економските односи меѓу двете држави, како и за процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.

Во германскиот Бундестаг Попоски потоа треба да се сретне со претседателот на Комисијата за прашања на ЕУ, Гинтер Крихбаум, а планирани се разговори и со државниот секретар за надворешна политика во германската влада, Кристоф Хојсген.

Според најавите од македонското Министерство за надворешни работи, на средбите се очекува да бидат разменети мислења околу развојот на билатералните односи и соработка меѓу двете земји, како и за соработката на меѓународен план.

Посетата на Берлин министерот Попоски ја почна вчера (19.03) со средба со група германски парламентарци. За време на престојот во Германија, предвидена е и средба на министерот Попоски со претставници на македонската дијаспора во Берлин.

По Германија, Попоски заминува за Данска каде ќе оствари средба со данскиот министер за европски прашања Никоја Вамен, а во данскиот Парламент ќе се обрати на Конференцијата „Европските перспективи на Македонија“, во организација на данското Европско движење.