1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски: Венизелос да ги чита одлуките на Меѓународниот суд

Шефот на македонската дипломатија Попоски одговори на вчерашната изјава на неговиот грчки колега Венизелос во која тој инсистира на решавање на спорот со име со географска одредница со широка употреба.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски одговори на изјавата на грчкиот министер Евангелос Венизелос, според кого единствено решение за спорот за името мора да биде ерга омнес, односно Македонија да прифати ново име за сите употреби.

„Мислам дека најзначајно во овој момент е пред да се даваат такви изјави и размислувања, да се погледне рамката на Обединетите нации во која се решава овој спор и да се погледне мислењето на најнадлежен орган, Меѓународниот суд на правдата, кој јасно дефинира што може, a што не може, некој од надвор да го регулира. Пред сѐ треба да запомниме дека се работи за две демократски земји кои се залагаат за владеење на правото и почитување на меѓународните норми. Доколку тоа е вистина, мислам дека многу полесно би ги надминале овие прашања, изјави министерот Попоски.

Претходно, Венизелос не сакаше да одговори на прашањето на МИА за неговата вчерашна изјава, во која ги повтори грчките црвени линии во спорот за името и не остави простор за разговор. Мартин Несирки, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки- мун, во својот пладневен брифинг, информираше дека за неколку недели може да се очекува нова средба на посредниците во разговорите за спорот. Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис ќе се сретнат во Њујорк, на покана на амбасадорот Метју Нимиц, на средба за која, како што изјави Несирки, генералниот секретар Бан се надева дека ќе доведе до приближување на ставовите.

Македонската делегација на Генералното собрание на Обединетите нации денеска започна со повеќе билатерални и мултилатерални средби. Премиерот Никола Груевски ќе присуствува на свечениот прием во организација на претседателот на САД Барак Обама.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски досега оствари средби со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, министерот за надворешни работи на Нов Зеланд Мареј Меккали, а се обрати и на министерскиот состанок на Организацијата на Франкофонијата и на високата средба посветена на Милениумските развојни цели.