1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Попоски : Британија е силен поддржувач на Македонија во НАТО и ЕУ

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Лондон разговараше со британскиот колега по функција Вилијам Хејг.

Во фокусот на разговорите меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и британскиот државен секретар за надворешни работи Вилијам Хејг во Лондон беа НАТО и македонското учество во мисиите на Алијансата , особено во Авганистан, потоа интеграцискиот процес и афирмацијата на европската агенда беа во фокусот на денешната средба во Лондон помеѓу Шефот на македонската дипломатија во изјавата по средбата со Хејг истакна дека Британија е силен поддржувач на Македонија, како во НАТО така и во ЕУ, јави известувачот на МИА од Лондон.

„ Ја потврдивме уште еднаш нашата целосна посветеност. Македонија несомнено се однесува како земја членка на Алијансата и од тој аспект мислам дека уживаме голема поддршка за конечно членство“ , изјави Попоски.

Посетата на Лондон, Попоски ја реализира во пресрет на Самитот на НАТО во Чикаго, и се случува по разговорите што тој ги имаше во Берлин, Копенхаген и Брисел, а пред посетата на Прага во среда и четврток.

Во однос на членството на Македонија во ЕУ, според министерот Попоски, охрабрувачки фактор за Македонија е фактот што почнува високиот претпристапен дијалог со ЕК.

„ Во тие рамки дополнително ќе можеме да ја афирмираме европската агенда. Мислам дека беше од особено значаен фактот што имаме придвижување во целиот регион“, рече шефот на македонската дипломатија.

Ставот на Лондон е дека ова регионално придвижување мора да биде континуирано, да се задржи оној пристап во кој со секое остварување следи конкретен исчекор.

„ Во поглед на Македонија очекувањата се дека почнувањето на преговорите ќе настапи многу скоро. Во овој меѓупериод ќе имаме максимален простор да напредуваме во оние клучни реформи што ќе ни бидат значајни натаму“, истакна Попоски.