1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поплави му се закануваат на Бангкок

Тајланд е погоден од најтешките поплави во последните 15 години. Сега му се заканува катастрофа и на главниот град. Загриженоста дека Бангкок ќе биде целосно поплавен, расте.

default

Во нормални услови на пазарот на Ајутаја се продава текстил и овошје. Но сега пазарот на Ајутаја, античката кралска престолнина на Тајланд, е под вода, како и речиси целиот град.

Водената маса бесмилосно си го проби патот. По повеќемесечни поројни дождови, напукнаа две брани. Околу 7.000 луѓе мораа да ги напуштат домовите. Болниците беа евакуирани.

30 од 77 провинции поплавени

Тајландската премиерка Јинглук Шинаватра посети еден од прифатните кампови во кризниот регион, 90 километри северно од главниот град.

„Сакаме итно да ги спасиме и евакуираме луѓето. Затоа сме денеска во овој регион. Се обидуваме да ја заштитиме индустриската зона и приватната сопственост на луѓето“, изјави таа.

Flut Katastrophe Thailand

Ситуацијата во Тајланд е драматична: 30 од 77 провинции во земјата се под вода. А во меѓувреме водените маси се движат кон Бангкок.

Властите сметаат дека тие ќе стигнат до главниот град за неколку денови. Стотици илјади вреќи со песок ќе бидат неопходни за реката Чао Праја да биде задржана во нејзиното корито.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Моника Гриблер/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска