1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поплавите му се закануваат на милионскиот град Мултан

Две недели по почетокот на катастрофалните поплави во Пакистан, се` уште не може да стане збор за надминување на опасноста. Претседателот Асиф Али Зардари првпат по почетокот на поплавите ги посети погодените региони.

default

Пакистанските метеоролошки служби предупредуваат: земјата ниту оддалеку не го поминала најлошото. Шефот на метеоролошката служба Камар-у-Зуман Чаудри во Исламабад истакна дека по обилните врнежи во северниот дел на земјата, водената маса се движи низ централната провинција

Pakistan Überschwemmung

Панџаб, кон југот на земјата. Ова предизвика зголемување на водостојот на реката Ченаб, која се заканува да го поплави градот Мултан, населен од 4,5 милиони жители. Тоа би бил најголемиот пакистански град, досега погоден од екстремните поплави. „Следните десетина дена ќе бидат од одлучувачко значење“, истакнува метеорологот Чаудри. Според ОН, пак, една четвртина од земјата веќе страда од последиците предизвикани од поплавите.

Критики на сметка на претседателот

Asif Ali Zardari Präsident Pakistan

Претседателот Асиф Али Зардари

Претседателот на државата, Асиф Али Зардари, кој деновиве се соочи со тешки критики поради тоа што го продолжи службеното патување во Европа, и покрај вонредната состојба во неговата земја, вчера првпат ги посети поплавените региони. Државната телевизија покажуваше како разговара со жртвите. Освен тоа, Зардари ги посети и насипите во провинцијата Синд, кои наредниве денови можеби нема да ги издржат надојдените води. Пакистанскиот претседател се информираше од локалните власти за размерот на предизвиканите штети.

Зардари беше изложен на тешки критики, бидејќи и покрај вонредната состојба во која се најде Пакистан, тој не ги

Pakistan Überschwemmung Flut

прекина посетите на Велика Британија и Франција. Освен тоа, жителите од кризните региони ја обвинуваат владата дека пребавно реагирала на катастрофата.

Според информации на ОН, во катастрофалните поплави во Пакистан, предизвикани од обилни монсунски дождови, животот го загубија 1.600 лица. Од поплавите се погодени четиринаесет милиони лица, од кои шест милиони деца. Светската организација побара од меѓународната заедница околу 350 милиони евра како итна помош за настраданите.

Автор: ТТ/ ЖА/ дпа/ апн/ ртре/ афп

Редактор: Александра Трајковска