1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Поплавите во Германија не запираат

Во делови на Германија почнува да се регулира водостојот на поплавените реки, други делови меѓутоа дури сега ја започнуваат борбата со поплавите. Во моментов критична е состојбата во Магдебург во Витенберге.

Во Магдебург, главниот град на Саксонија Анхалт, водостојот на реката Елба изнесува 7,50 метри. При последните поплави во 2002 година, највисокиот водостој во градот беше далеку под оваа граница; тогаш беа измерени 6,72 метри. Нормален водостој таму изнесува два метри.

Уште колку ќе се искачува водостојот во Магдебург во наредните денови, во моментов не може никој да процени. Засега е евакуиран еден пензионерски дом. Загрозени се и една трафостаница, како и населбата Ротензе, каде што се наоѓа и големо пристаниште и многу индустрија. Мостот на Елба кај Магдебург е затворен за сообраќај. Во населбата Ротензе се повикани граѓаните да ги напуштат своите домови. Градот, во кој живеат околу 230.000 жители, веќе стави на рапсолагање привремени сместувалишта. Во меѓувреме граѓаните од источниот дел на градот се повикани да се евакуираат.

Јужно од Магдебург, на местото каде се спојуваат Зале и Елба, се урна еден насип. Кризниот штаб на покраинската влада ги повика околу 150 жители кои живеат во близина да ги напуштат домовите и да се евакуираат. Мерката важи за област од повеќе квадратни километри.

Посеверно, во Витенберге во покраината Бранденбург водостојот на Елба уште вчера вечер (08.06.) достигна историско рекорно ниво од 7,50 метри. 1.500 жители на стариот град беа повикани да ги напуштат домовите. „Досега меѓутоа слаб е одговорот на овој повик“, изјави портпарол на кризниот штаб. Некои од жителите со автобуси беа превезувани до привремените сместувалишта.

Десетици илјади вреќи песок против поплавите

На насипите крај Милберг голем број помагачи и војници на Бунесверот донесоа 35.000 вреќи песок. Таму се очекува подобрување на состојбата дури за три до четири денови. Дотогаш и неколку денови потоа насипите мораат да го издржат напливот на водените маси, оти и кога водата се повлекува притиска со огромна сила на насипите.

Во меѓувреме поплавите се движат кон Северна Германија. Во тој регион ситуацијата може да биде далеку полоша отколку што се претпоставуваше досега. Експертите ги корегираа во нагорна линија прогнозите за Долна Саксонија, Мекленбург Предна Померанија и Шлезвиг Холштајн. Ширум Германија во меѓувреме 70.000 пожарникари и 11.000 германски војници се борат со полавите. Досега најмлаку седум луѓе го загубија животот, а повеќемина се сметаат за исчезнати.

Кога поплавите ќе се повлечат и реките повоторно ќе го достигнат вообичаениот водостој - засега е нејасно. Факт е - за наредните денови метероолозите предвидуваат нови силни дождови за централна и јужна Германија, како и за Чешка и Полска.

Претседателот во посета на погодените региони

Денеска германскиот претседател Јоахим Гаук ги посети погодените области. Во Хале на Зале во Саксонија Анхалт е планирана посета на една детска градинка погодена од полавите, додека во Мајсен во Саксонија претседателот ќе се сретне со жртви од полавите и помагачите.

Онаму, пак, каде водените маси се повлекуваат оставаат зад себе смрдлива кали и купишта смет. Многу жители се безпомошни. Германската канцеларка Ангела Меркел им вети на жртвите од поплавите дека ќе се стори се' што е можно за да се пружи помош при обновата. Истовремено поторно ја пофали солидарноста на луѓето: „Германија деновиве изворендо се држи заедно - и така треба да остане“. Министерот за финансии Волфганг Шојбле навести дека би можела да биде зголемена помошта за жртвите од поплавите. Досега сојузот одвои 100 милиони евра итна помош.