1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поплавите во Бангкок достигнаа критична точка

Тајландската влада очигледно сака од улиците во Бангкок да направи канали за надојдените води, кои веќе преплавија бројни насипи. На викендот нов бран поплави од југ треба да стигнат до реката Чао Праја.

default

Три четвртини од Бангкок се под вода

Милионската метропола е поплавена. Десетици илјади луѓе го напуштаат градот, ако успеат во тоа. Картите за автобус, воз или авион во меѓувреме се реткост. Многу улици се блокирани и непроодни.

Складиштата на трговците потонаа под вода.

„Водата денеска дојде рано. Сега мора да е на ниво од најмалку 2 метри и 40 сантиметри. Го знам тоа, зашто толку висок е насипот кој сега е преплавен“, вели трговецот. 

Огромни штети

Thailand Überschwemmungen in Bangkok

Луѓето со чамци се евакуираат од Бангкок

Ова се најтешките поплави во Тајланд во последниов половина век. Две третини од вкупната територија на земјата се под вода. Полиња со ориз, индустриски комплекси во огромни размери се уништени.

„Загубите предизвикани од поплавите се тежок удар за земјата. Само со уништувањето на пет важни индустриски области во северен Бангкок се настанати штети меѓу 11, 7 и 14,7 милијарди долари“, вели Лин Хонг, постар консултант во Бангкок банката.

Во моментов нивото на водата расте побавно од очекуваното. Меѓутоа за време на викендот треба да наиде втор бран поплави од југ, од морето ви реката Чао Праја. Нивото на надојдените води според прогнозите треба да достигне 2 метри и 60 сантиметри. Тоа не може да го запре ниту еден од насипите во Бангкок.

Автор: Хајди Грот/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска