1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пописот ќе почне на време

Подготовките за Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, што ќе се реализира од 1 до 15 октомври, се завршени и се очекува тој да почне на време.

default

Претседателката на државната Комисија, Весна Јаневска, за МИА изјави дека се надминати сите проблеми со кои се соочија членовите на ова тело поврзани со составот на пописните комисии.

Денеска почна тридневната обука за државните инструктори за претстојниот Попис, а утре вонеколку дневни весници на македонски и на албански јазикќе биде објавен конкурс за попишувачи, реонски инструктори и комисии на пописен реон.

„Ги повикуваме граѓаните да се пријават на конкурсот. Конкурсот трае пет дена, изјави Јаневска, додавајќи дека предвидено е за Пописот во 2011 да бидат ангажирани над 16.000 попишувачи, а во целокупната операција ќе бидат инволвирани околу 20.000 луѓе“. Резултатите се очекува да бидат познати најдоцна пет дена по завршувањето на конкурсот.

Во врска со проблемите поврзани со составот на пописните комисии, Јаневска изјави декагенерално е прифатен ставот на Владата, но оти е направен компромис за сметка на помалите етнички заеднициво одредени општини.

„Онаму каде што има поголеми заедници од турската, српската, влашката и другизаеднициво пописните комисии вметнати сеприпадници од тие заедници за сметка на Македонците и Албанците и постигнавме договор“, изјави Јаневска.

Автор: БГ/миа

Редактор: Горан Чутаноски