1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пописот да не се политизира

Наталитетот кај македонските семејства бележи зголемување, но најголемиот број деца се` уште се раѓаат кај етничките заедници. Експертите апелираат пролетниот попис на населението да не се користи за политички цели.

default

По две деца на една Македонка

Во 1971 година, просечното македонско семејство имало три деца. Во следните четири децении, тој број постојано бележи намалување, а пописот од 2002 година покажа преполовување на просечниот број деца во македонските семејства. Трендот на пад на наталитетот за првпат е стопиран лани, со први индикации дека годинава ке има зголемување од околу три проценти. Тоа покажува и поголема подготвеност на македонската жена да се посвети на раѓањето, иако економските услови и натаму се ограничувачки фактор за поголем природен прираст, велат социолозите.

Демографите не очекуваат драматични пресврти во бројот на попишаното население, кое има постојано место на живеење во земјата и не е подолго од една година отсутно од Македонија. Тие не стравуваат, ниту ги оправдуваат политичките манипулации дека Албанците не би биле над 20 насто од населението, што е политичка пропорација и граница за реализација на институционални, колективни и лични права според Рамковниот договор.

Ромските, албанските и турските жени и натаму најмногу раѓаат

Mazedonien Land und Leute Medizinschule Pance Karagozov

Пописот ќе се одржи напролет, синхронизирано со земјите од соседството

За пописот е добро да не се политизира, вели демографот Аница Драговиќ. Таа како универзитетски професор со внимание ги следи позитивни индикации за пораст на наталитетот, но оценува дека е рано заслугите за тоа да им се препишат на владините мерки за стимулација на повеќедетсвото, што се дел од стратегијата за демографски развој од 2008 до 2015 година. Според неа, Македонките раѓаат до две деца, што е прв позитивен сигнал во оваа демографска транзиција, но и натаму најмноги бебиња, повеќе од три, се раѓаат во ромските, албанските и турските семејства. Таа затоа предупредува внимателно да се анализираа податокот дека наталитетот расте во урбаните центри, зашто во неколку од нив е концентрирана ромаската етничка група, а не се забалежуваат помасовни поместувања во природниот прираст во источна Македонија и Пелагонискиот регион.

„Јас сум приврзеник на скандинавскиот модел на стимулирање на повеќедеството, не преку директни додатоци и донации во семејниот буџет, туку преку комплексни соцјални мерки, што помагаат во одгледувањето на децата - од градинки, до семејно-станбено згрижување“, вели за ДВ професор Драговиќ.

Пописот во Македонија ќе биде организиран напролет, речиси истовремено со броењето на населението во соседството, што е резултат на новиот модел на Еуростат и резолуцијата на ОН, велат во Заводот за статистика.

Mazedonien Land und Leute Alexander der Große Flughafen in Skopje

Со пописот може да се регистрира динамиката на иселување

„Одржувањето на пописите во исто време ќе ја спречи можната манипулација со прелевање на населението, односно истото лице двојно да се попишува во земјите-соседи“, кажа за ДВ Дијана Крстевска, демограф-аналитичар во оваа институција, која со 18 илјади активисти, двојазични пописни листи и мониторинг од европски експерти, ќе го реализира осмиот попис во Македонија.

Таа ги отфрла како неосновани стравувањата и критиките од одделни албански средини, дека нема доволно Албанци во Заводот за статистика, дека тие не можат да учествуваат во внесувањето на податоците за комјутерска обработка, дека собите за анализа на податоците не се достапни за Албанците, што е дел од стариот арсенал за меѓуетнички конфронтации, велат во владината коалиција, која заеднички и како мултиетнички сојуз ги брани законските решенија за пописот.

Како ќе се попишуваат иселениците?

Дел од критиките се упатени и поради одбегнување да се попишат сите кои имаат место на живеење во земјата и македонско државјанство, а не само населението кое не е подолго од една година одсутно од државата. Со пописот не може да се регистрира бројноста на македонската емиграција, но може да се следи динамиката на иселување, велат демографите. Според меѓунардоните стандарди, се попишува само домицилното население, а попис не може да се прави на туѓа територрија, велат експертите, а Македонија нема доволно дипломатски претсавништва за да го регистрира бројот на своите исленици.

„Потребно е да се утврди како ќе се попишат тие што се одсутни не подолго од една година и кои документи ќе се кристат за доказ на таа состојба, за да се разграничат од емигрантите кои се подолго од една година иселени од земјата или трајно се населени во други држави“, оценува универзитетскиот професор Петре Георгиевски.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев