1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Попаднаа преговорите за буџетот на ЕУ

Претставниците на земјите членки на Европската Унија и на Европскиот парламент нни во повторениот обид не успеаја да ги надминат меѓусебните разлики околу буџетот на Унијата за наредната година.

Преговорите за буџетот на Европската Унија за 2013 година дефинитивно пропаднаа. Претставници на Европскиот парламент не се појавија на преговорите затоа што земјите-членки на Унијата не се согласија на ребаланс на буџетот за тековнава година со додаток во висина од девет милијарди евра. Претстедателот на Европарламентот Мартин Шулц претходно го најави ваквиот чекор. Сега Европската Комисија мора да поднесе нов предлог-буџет за наредната година. Но и тука позициите се спротиставени. Имено Еврокомисијата има намера да предложи буџет од 138 милијарди евра - речиси седум проценти повеќе отколку во 2012. Земјите-членки на ЕУ пак наспроти тоа би прифатиле само буџет во максимална висина од 133 милијарди евра.

Сепак и претставници на Европарламентот и на земјите-членки на ЕУ по неуспехот на преговорите за буџетот за 2013 година нагласија дека тоа не треба да се поврзува ниту пак ќе има влијание врз преговорите за долгорочниот буџет на ЕУ поради кој е свикана и вонредната средба на врвот (22 и 23 ноември) каде треба да се договори барем начелно, за износот за ЕУ во периодот 2014 – 2020 година.

Буџетот мора да биде биде усвоен едногласно бидејќи секоја држава има право на вето.