1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Понта стравува од последици по скандалот со коњското месо

Романскиот премиер стравува дека романските производители ќе се соочат со големи загуби доколку земјата стане главен осомничен во скандалот со коњското месо.

Последиците од скандалот со коњско месо за романското земјоделство може да бидат посериозни од оние од минатогодишната суша, ако Романија остане официјален осомничен, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта.

Тој предупреди дека опасноста за Романија е голема, а кризата се’ уште не е надмината.

„Ако Романија остане официјален осомничен во целиот тој огромен скандал, сметам дека тоа ќе биде полошо отколку сушата минатата година, во цела Европа би се зборувало дека во Романија се вршат злоупотреби, се фалсификува потеклото или видот на прехранбените производи“, изјави романскиот премиер. Романскиот премиер истакна дека се’ уште не можат да се пресметаат загубите за романските производители од скандалот со коњското месо.