1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Понта не се повлекува поради плагијатот

Романскиот премиер Виктор Понта нема да поднесе оставка, без оглед на тоа што научната комисија вчера потврди дека дел од неговата докторска дисертација е плагијат, информираше романската Социјалдемократска партија.

„Одлуката на комисијата е политички мотивирана и нелегална и е дело на сојузниците на претседателот Трајан Басеску, а е донесена поради моето учество на состанокот на Европскиот совет“, изјави Понта во Брисел.

Понта и Басеску се во судир откако коалицијата на романскиот премиер дојде на власт минатиот месец, по заминувањето на владата на десен центар, на кој и’ беше изгласана недоверба. Една од причините за несогласувањето е и тоа кој треба да ја претставува Романија во Европскиот совет, кој го сочинуваат шефови на држави или влади.

„Нема да се откажам од битката што ја почнав против таквите напади. За давање оставка не станува збор“, нагласи романскиот премиер. Ваквата изјава е спротивна на онаа дадена за шпанскиот весник Ел паис во четвртокот. Тогаш тој рече дека е подготвен да се повлече од премиерската позиција, доколку се потврдат обвинувањата на британското списание Нејчр дека големи делови од неговата докторска дисертација се плагијати.

Научната комисија вчера соопшти дека „вкупно 85 од околу 400 страници од докторската теза се ископирани од збор до збор“ и препорача да се одземе докторската титула на Понта. Ова го соопшти Маријус Андрух, претседателот на 21-члениот Национален совет за потврда на титулите, дипломите и универзитетските сертификати.

Victor Ponta

Понта тврди дека скандалот е масло на претседателот Басеску

Британското списание тврдеше дека документите што ги добило покажуваат оти половина од 432-те страници на докторската теза се копирани, без соодветно цитирање на изворот. Докторската теза е напишана во 2003-та година на романски јазик и се однесува за Меѓународниот кривичен суд.

Централно-левичарскиот премиер ги негираше обвинувањата, велејќи дека правилата во 2003-та година не налагале употреба на наводници за обележување на деловите од други автори, се додека тие се споменати во библиографијата.

Неколку часа пред одлуката на комисијата, министерот за образование се обиде да го распушти ова тело. Потоа тој соошти дека одлуката е политички мотивирана и неважечка, бидејќи осум членови не биле присутни за време на гласањето.