1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Понта: Агенти на Чаушеску работат во германскиот печат

Романскиот премиер упати неверојатни обвинувања на сметка на германскиот печат од каде што пристигнуваат остри критики на сметка на неговото владеење

Романскиот премиер Виктор Понта тврди дека поранешни членови на комунистичката тајна полиција се инфилтрирале во германскиот печат и оттаму го критикуваат неговото владеење со земјата.

Понта не прецизираше на кои новинари точно мисли, но тврди оти агенти кои порано работеле за тајната служба на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску се провлекле како новинари во германските медиуми уште пред две децении, и дека тие стојат зад критиките на негова сметка кои во последниот период беа особено актуелни поради обидите на Понта да издејствува смена на претседателот на државата Трајан Басеску.

„Во Германија, поранешната Секуритате на Чаушеску и натаму ги поседува најдобрите луѓе во печатот“, изјави Понта во интервју за телевизијата Антена 3.

„Таму постојат луѓе кои, доколку ги погледнете последните 20 години, се единствените кои пишуваат за Романија и тоа го прават ’коректно’“, изјави Понта иронично, додавајќи дека тие „говорат романски одлично и покрај нивните германски имиња“.

Левичарската влада на Понта во јули годинава поведе постапка за импичмент на шефот на државата Трајан Басеску, но референдумот за негова смена не успеа.

Германија и други земји-членки на ЕУ и бројни невладини организации, остро го критикуваа импичментот и изразија загриженост дека демократијата во Романија е сериозно загрозена.