1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Понеделници на сонце-Тивка филмска ода на невработеноста

Кои се луѓето на кои секој ден им е недела. Многу Германци , статистиката вели повеќе од 10 насто , го знаат или подобро кажано живеат во одговорот.Секој ден како недела , секој ден одмор , кој станува непосакуван , тежок неподнослив Проблемот број еден на општествениот живот во Германија, деновиве добива своја рефлаксија на големото платно во германските кино сали. Еден шпански филм , своевидна ода на невработеноста , наново ги потсетува Германците, колку тежи проблемот на невработеноста.

"Понеделници на сонце" , е филм за луѓето кои живеат константно во недела . Филмот на режисерот Фернандо Леон де Араноа претставува тивка студија за невработеноста , раскажана низ личните приказни на тројца пријатели. Понеделници на сонце ја прикажува Шпанија , онаква каква што најверојатно во моментов никој не сака да ја види.Земјата во филмот делува сиромашно , луѓето во крајбрежниот појас изгладаат безнадежно , а групата невработени луѓе кои го чинат фокусот на филмот водат борба за да си ја вратат вербата во себе. Откако пред две години сопствениците на бродоградилиштето ги објавуваат своите планови да го затворат местото , јунаците на филмот на Де Араноа , протестираат и ги губат своите работни места веднаш. Останатите кои потпишале договори со раководството пак останале на работа уште една година . Филмот не води во празното , напуштено бродоградилиште , без иднина , исто како и некои поранешни работници, кои се обидуваат да ги разликуваат болно сличните денови во неделата.

Тие се среќаваат во еден локален бар. Амадор , најстариот меѓу нив , станува се понесигурен во исчекувањето на сопругата која е отсутна од градот сомнително долго. Хозе има грижи за својата жена Ана , која станува многу блиска со нејзиниот шеф во фабриката во која работи. Лино , не се откажува , тој секојдневно аплицира за работа за која како што му велат е најмалку 10 години постар. Санта пак е централниот лик на приказната, тој сеуште ја истерува правдината гневен на се она што му се случува. Филмот на Фернандо Леон де Араноа е трпелив , извонредно одигран филм кој се заснова на едноставно набљудување на односи меѓу овие луѓе , додека тие се одлучуваат како да пронајдат начин да продолжат натаму со своите животи.

Де Араноа не е ниту песимист ниту трагедичар . Тој е внимателен реалистичен социјален работник и во својот фм навистина го раздвижува хуманизмот. Тој не ги користи своите актери како некаков политички симбол : Тие се секојдневни луѓе чии околности на живеење не се многу променливи.

Заморениот и сив шпански крајбрежен град е извонредно одговарачка сцена за јунаците на филмот-место каде што животото се движи со едно темпо кое воопшто не инспирира . Тоа е град како секој друг , каде што невработеноста се претопува со луѓето , кои ги минуваат дните чекајќи во редиците за вработување или пак минувајќи ги понеделниците легнати на некое место под сонцето. Надежите и соништата се оставени за наредниот ден.