1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Помош за јужна Азија

Меѓународната помош за земјите погодени од катастрофалната поплава во Јужна Азија во моментов достигна милијарда и 200 милиони долари.

Високиот комесаријат за бегалци од утре стартува воздушен мост кон индонезиската провинција Аче на островот Суматра. По вчерашната средба со американскиот министер за надворешни работи Колин Пауел, генералниот секретар на светската организација Кофи Анан изјави:

"На обединетите нации им се потребни САД, како што на САД им се потребни Обединетите нации и мораме заедно да соработуваме“

Министерот Паул најави:

“САД ќе стават на располагање 350 милиони долари откако ОН ќе знае точно што е најнеопходно. Сите влади ќе мораат да сметаат дека помошта ќе мора да биде долгорочна".

Германскиот претседател Хорст Келер во синоќешното интервју за АРД со следнава оценка:

“Мислам дека е неопходно сите големи индустриски земји заедно со Обединетите нации да се најдат на една маса и да подготват долгорочна развојна програма“.