1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Помош за настраданите од торнадото

Американскиот претседател Џорџ Буш, по торнадото кое тешко го погоди градот Гринсбург во Канзас, брзо прогласи катастрофална состојба. Преживеаните со ова добиваат помош од сојузно ниво. „Прогласувам катастрофална состојба во регионот и се надевам дека тоа ќе помогне. Ќе помина долго време додека градот се опорави од штети а ние ќе помогнема како можеме. Во западниот регион на САД постои пионерски дух и уверен сум дека регионот ќе биде обновен.“ истакна Буш. Со оваа реакција се оценува дека Буш извлекол поука од критиките на негова сметка во 2005 година, поради спорото пружање помош по ураганот Катрина кој го погоди Њу Орлеанс.