1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Помош за македонските фирми од германски експерти - пензионери

Вкупно 9.000 експерти, повеќето од Германија, пензионери, но се’ уште активни, ќе им помагаат на македонските мали и средни претпријатија да станат поконкурентни, за да реализираат подобар настап на странските пазари.

Станува збор за т.н. Сениорски експертски сервис што денеска го промовираа Македонско-германското стопанско здружение и Унијата на германските комори во Македонија во соработка со Германското друштво за техничка соработка.

Како што беше речено, стручњаците се расположени, освен на стопанствениците, своето знаење да го пренесат и на државните институции со цел Македонија да стане поконкурентна и да го подобри извозот.

„Од сите бранши во сервисот, по 150 експерти се од областа на информатичката технологија и на текстилната индстурија. Нивната цел е да ги направат фирмите посилни и поконкурентни. Многу се среќни што ќе имаат можност да го споделат своето знаење и искуство во насока на подобрување на производството во фирмите, на промена на нивната структура или на нивен побрз влез на германскиот пазар“, изјави Михаел Шмит, директор на Претставништвото на Германското стопанство во Македонија.

Трговски суфицит со извозната велесила

Според него, Германија чувствува најголем недостиг во текстилниот и во ИТ секторот, затоа овие две индустрии имаат најголем потенцијал за влез на германскиот пазар.

Mazedonien Land und Leute Fabrik Nähbetrieb in Bitola

„Македонските фирми имаат искуство со извозот на германскиот пазар за што зборуваат и бројките. Моментно од тука се извезуваат облека и текстил во вредност од 400 милиони евра. Лани, пак, извозот од Македонија во Германија се зголеми за 60 насто, но се уште има простор за раст“, рече Шмит.

Одговорајќи на новинарско прашање, тој посочи дека за германските бизнисмени македонскиот пазар се’ уште не е доволно познат, а често и не се задоволува бараниот квалитет, стандардите и количествата што се бараат. Најголемиот проблем на Македонија, додаде тој, е невработеноста, особено меѓу младите луѓе.

Минатата година Германија беше најголемиот трговски партнер на Македонија. Германија увезла македонски прозиводи вредни 870 милиони евра, а во Македонија извезла стока во износ од 474 милиони евра.