Помош за ирачките бегалци | Вести | DW | 18.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Помош за ирачките бегалци

Владата во Багдад има намера со 25 милиони долари да им помогне на Ирачаните кои избегале од земјата. Министерот за надворешни работи Хошајар Зебари во Женева на Меѓународната Конференција посветена на ирачките бегалци изјави дека со овие пари треба да биде платена медицинската нега и образованието на бегалците од Ирак во земјите кои ги прифатиле, пред се Јордан и Сирија. Двете земји досега заедно имаат прифатено околу 4 милиони ирачки бегалци.