1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Помош за децата што живеат под ведро небо

Околу 2 илјади деца во Македонија живеат на улица, без родителска грижа и најчесто се жртви на најлошите форми на злоупотреба на детскиот труд, предупредува Првата детска амбасада „Меѓаши“.

default

Питачењето е најраширена појава

И во Македонија постојат деца, кои се жртви на искористување, предупредува „Меѓаши“ по повод Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд.

Државните институции не располагаат со точна податоци за бројот на злоупотребувани деца, но дека бројката не е занемарлива, покажува секојдневието. На секоја поголема крстосница во Скопје задолжителен декор се децата кои питачат.

Питачењето е најлесно воочлива форма на злоупотреба на детскиот труд, но не и единствена. Бројни се начините на злоупотреба, не само на трудот, туку и на детското достоинство, детските права, детските сништа. Една од најсуровите форми на злоупотреба е кога децата се користат за проституција, вели Драги Змијанац од „Меѓаши“.

Како да се реши проблемот

Членот 1 од Конвецијата за забрана на најлошите форми на детски труд ја обврзува Република Македонија да преземе итни мерки за забрана и елиминирање на овој проблем,

Symbolbild Kinderarmut

со кој се соочува македонското општество. Првата детска амбасада укажува дека еден од начините да се реши овој проблем е да се реализира бесплатно задолжително образование за сите деца, да се обезбеди работно место за еден од родителите на маргинализираните деца и дополнителна настава за оние деца кои го пропуштиле редовното школување. Да се обезбеди образование за секое дете е една од најважните мисии на „Меѓаши“, објаснува Гордана Змијанац од детската амбасада.
Социјалните работници се согласни дека образованието е вистинскиот метод за борба против детскиот труд.

Важно е децата да се охрабрат да го пријават злоупотребувањето на нивниот труд. За тоа постојат повеќе начини. Во полицијата, во Центарот за социјални работи и на бесплатниот СОС телефон 0800-122.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска