1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Помош за граѓаните погодени од кредитна криза во САД

*

Американскиот претседател Џорџ Буш во врска со кредитната криза во земјата најави мерки за помош за хипотекарните должници.

Пакетот мерки содржи даночни олеснувања, сојузни гаранции и промени на законите наменети за околу 80 илјади сопственици на куќи кои се пред банкрот. Најава за подготвеност за помош најави и Централната банка. Но, претседателот Буш подвлече дека улогата на владата во оваа фаза мора да биде само ограничена, во спротивно проблемот повторно се заканува. Околу два милиони соптвеници на куќи мора да сметаат во следните две години со значително зголемување на премиите,зашто нивните хипотеки се премногу ризични.