1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Помошта пристигнува во поплавените подрачја во Јужна Америка

На јужното американско крајбрежје и натаму пустош. Војската на САД ќе испрати дополнителни 10 илјади припадници на националната гарда во Лузијана и Мисисипи кои треба да им помогнат на жртвите од ураганот Катрина. Како утеха, тие привремено ќе се смастуваат во бродови за крстарење.

Буш во посета на поплавените региони

Буш во посета на поплавените региони

Американската влада изнајми три луксузни бродови за крстарење , со цел да обезбеди привремено сместување за жртвите од ураганот Катрина. Компанијата ,,Карнивал Круз лајнс“ , соопшти дека ги откажала крстарењата за тие бродови и дека сега ќе ги опслужува семејствата кои ќе бидат сместени таму. За нив, исто така, ќе се грижи командата на американската морнарица.

Во меѓувреме, властите во Вашингтон решија да испратат дополнителни 10 илјади припадници на националната гарда за да помагаат во подрачјата опустошени од ураганот. Пентагон соопшти дека новиот прилив ќе биде поддршка на групата од 7000 војници кои заминаа во погодените подрачја по наредба на американскиот претседател Џорџ Буш. Претходно, сенаторката на Лузијана Мери ландри ги критикуваше властите во Вашингтон поради недоволна поддршка и помош по трагедијата со ураганот.

Буш, кој вчера ги посети погодените подрачја, возврати:

,, Во Америка ние не ги отфрламе нашите граѓани. Федералната влада ќе ги исполни своите обврски. Онаму каде нашите напори не успеваат, ќе ги поправиме. Онаму каде успеваат, ќе ги дуплираме. Имаме одговорност кон нашите браќа и сестри во голфското крајбрежје и нема да се одмараме се додека не се заврши сета работа, рече Буш.

Хуманитарната помош од многу земји и организации во светот во меѓувреме почна да пристига во Њу Орлеанс, најпогодениот град во катастрофата. Во поплавениот град прстигна првата пратка хуманитарна помош од Германија. Помош понуди дури и Куба, која важи за традиционален непријател на САД. Сепак, многу луѓе и натаму се отсечени од светот, без храна и вода. Американскиот генерал Расел Хонре, кој предводи со спасувачките операции во поплавениот град, рече:

,, Наредните 24 часа ќе бидат клучни. Ќе се обидеме да ги евакуираме луѓето кои се наоѓаат во ,, конвеншн“ центарот. Тоа ќе биде тешка работа, рече Хонре.

Илјадници луѓе од Луѕијана, Мисисипи и Алабама останаа без домови откако ураганот ја опустоши областа околу Мексиканскиот залив. Масовните поплави кои однесоа куќи, згради и неопходна инфраструктура.