1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Помошта за азилантите во Германија не е доволна за достоинствен живот

Кој во Германија бара азил добива помала финансиска поддршка од државата од останатите приматели на социјална помош. Тоа не е праведно - одлучи денеска (18.07) Уставниот суд на Германија.

Германската марка веќе одамна е историја и повеќе од десет години се плаќа во евра. Во законот за помош на барателите на азил сепак и натаму се зборува за старата валута. И висината на износите кои барателите на азил ги добиваат од државата се немаат променето од стапувањето на законот во сила пред 19 години: 360 германски марки или 184 евра. Законодавачот досега нема земено предвид дека се’ е поскапено. Експертите сметаат дека само прехранбените производи поскапеле за 25 насто.

Не е гарантиран достоинствен живот

Minderjährige Flüchtlinge in Deutschland

Азиланти во Германија

Колку средства му се потребни на барателот на азил месечно се проценува „од рака“ , гласи острата пресуда на Покраинскиот социјален суд на Северна Рајна Вествалија во февруари 2010-та година. Социјалната помош „очигледно не е доволна за да обезбеди достоинствена егзистенција“, реагираа судиите во Есен на тужбата на еден брател на азил. Помошта за азилантите не е во согласност со уставот, порачаа покраинските судии и затоа со овој проблем се позанимава и Сојузниот уставен суд. Судиите во Карлсруе денеска одлучија дека законски предвидената социјална помош за азилантите го прекршува основното уставно загарантирано право на достоинствен егзистенцијален минимум.

Државната помош за азилантите и бегалците мора да се зголеми барем на нивото на социјалната помош за невработените германски граѓани - наречена Харц 4.

Државата мора повеќе да плаќа

„Од 1993 година наваму социјалната помош за азилантите не е зголемена. Додека примателите на Харц 4 добиваат по најмалку 364 евра месечно, за бегалците државната помош изнесува најмногу 220 евра. Со тоа евидентно не се обезбедува неопходниот егзистенцијален минимум за овие лица“, изјави потпретседателот на судот во Карлсруе Фердинанд Крихоф, при соопштувањето на пресудата.

rlsruhe Verhandlung Eilantraege Euro Rettung Bundesverfassungsgericht

Судиите на Уставниот суд во Карлсруе

Износите кои ги добиваат примателите на социјалната помош Харц 4 веќе важат како егзистенцијален минимум.

Судот го обврза законодавецот, односно државата, да донесе нов закон во кој ќе утврди нови правила за давање социјална помош на барателите на азил.

Првобитно законот за социјална помош за барателите на азил важеше само за бегалците за време на процесот на добивање азил. Законот, меѓутоа, беше проширен и на други луѓе без дозвола за подолготраен престој во Германија - според податоците на Сојузниот завод за статистика на крајот од 2010-та година во Германија имало вкупно 130.300 лица со таков статус.

.