1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Помошта бавно стигнува до преживеаните

Очај, смрт и хаос: по земјотрес на Хаити се’ уште не се познати целосните размери на катастрофата. Меѓународната помош бавно стигнува до жртвите. Од страна на Франција пристигна и предлогот за бришење на долговите.

default

Хаити

Катастрофалниот земјотрес што го погоди Хаити предизивка огромна меѓународна акција за помош. Но, спасувачките екипи, поради логистички проблеми, со големи напори пристигнуваат до погодените области, а шансите за преживување на жртвите се намалуваат од час во час. Хуманитарните работници кои веќе пристигнаа во главниот град на карипската држава наидоа на хаос, смрт и опустошеност. Меѓу мртвите тела и руините илјадници луѓе талкаат, повредени, гладни и трауматизирани. Војниците на ОН во меѓувреме се конфронтирани со растечкото нетрпение на преживеаните, кои се лути поради бавниот доток на хуманитарната помош.

Haiti / Erdbeben / Port-au-Prince

Спасувачките екипи напрeдуваат бавно

Во меѓувреме почна и евакуацијата на некои од преживеаните. Покриен со волнено ќебе еден човек, кој претпладнево пристигна во Париз раскажува за ситуацијата околу аеродромот: „Сите беа трауматизирани, сите трчаа некаде и до моменот додека не одлетав, сите спиеја надвор. Тие не влегуваа во своите куќи, бидејќи тоа би било преголем ризик.“

Три денови по катастрофалниот земјотрес на Хаити, Франција предлага да бидат целосно избришани и долговите кои Хаити ги има во т.н. Париски клуб. Министерката за финансии Кристин Лагар веќе избирша четири од вкупно 44 милиони евра кои Хаити и‘ ги должи на Франција и ги повика Венецуела и Тајван, кои не се членови на клубот, да учествуваат во бришењето на долговите.

Haiti / Erdbeben / Port-au-Prince

Порт-о-Пренс

Франција и САД исто така се заложија и за организирање меѓународна конференција за обнова на Хаити. Во телефонскиот разговор претседателите Обама и Саркози се согласиле дека помошта за карипската држава ќе мора да биде координирана подолг временски период. Шпанското претседателство на ЕУ за в понеделник планира вонредна средба на европските министри за развојна помош.

Автор: Јоханес Духо/дв/афп/Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска