1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Помалку невработени во Германија

Бројот на невработени во Германија се намалил и во септември. Но, податоците покажуваат дека пазарот на работна сила губи на динамика.

Официјално во септември имало 2,78 милиони луѓе во Германија без работа, што е помалку за 117 илјади во однос на минатиот месец. Стапката на невработеност се намалила за 0,3 проценти, на 6,5 проценти, соопшти Сојузната служба за труд во Висбаден денеска (27.09.2012).

Намалувањето наневработеноста во септември не е невообичаено, експертите зборуваат за есенско заживување по летните месеци. Заживувањето во оваа година сепак е помало отколку обично.

Но, подобрувањето на пазарот на работна сила е се‘ помало.

„Послабиот економски развој влијае и врз пазарот на работна сила. Сепак, тој се покажува прилично робустен“, истакнува Франк-Јирген Визе, шеф на Германската агенција за труд.

Кон сличен заклучок доаѓа и Сојузната служба за статистика, иако со други бројки. Додека Агенцијата за труд ги брои само луѓето кои официјално се пријавени како невработени, Сојузната служба за статистика се обидува да ги евидентира оние кои имаат работа, во август имало 41,6 милиони вработени. Притоа статистичарите го констатираат истиот феномен: во споредба со претходниот месец бројот вработени пораснал, но не со динамика од минатите години.