1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Помалку должните поуспешни во кризата

На финансиската и економска во светот се надоврза должничката криза, но таа не ги зафати сите делови на светот. Помалку задолжените земји во забрзан подем побрзо се опоравуваат од кризата, отколку што се претпоставуваше.

default

Спасувањето од финансиската и економска криза го чинеше светот 15 билиони, односно 15 илјади милијарди евра. Тоа предизвика нагло да пораснат долговите пред се’ во развиените индустриски нации. „Долговите стануваат кобни штом доверителите ќе поверуваат дека постои можност тие да не бидат вратени. Порано или подоцна таа претпоставка се одразува на финансиските пазари и тогаш растат премиите за ризик“, вели американскиот економист Денис Сноер, претседател на Институтот за светската економија од германскиот град Кил. Таква ситуација веќе настапи во случајот со Грција, за која пристапот до свеж капитал е условен со се’ повисоки камати за него. Тој додаток за ризик се заканува финансиски да ја задуши земјата. За спасување на Грција и на други членки, ЕУ определи по потреба да се стават на располагање до 750 милијарди евра.

Индустриските земји имаат голем буџетски дефицит

Во моментов, всушност, повеќе развиени индустриски земји имаат голем буџетски дефицит. Во Велика Британија годинава тој треба да изнесува 11,5 проценти од домашниот бруто-производ на таа земја, односно повеќе отколку во

Wirtschaft Kursfall in Japan

Пад на курсот во Јапонија

Грција или Португалија, Шпанија, Италија. Долгот на САД изнесува 13 билиони долари, што е во апсолутен износ највисок долг во светот. Процентуално во однос на домашниот бруто-производ, пак, далеку најзадолжена од богатите земји е Јапонија со 204 проценти. Иако Јапонија речиси во целост се финансира од сопствените штедни влогови, толкав степен на задолжување сепак ќе влијае парализирачки врз стопанскиот пораст. „Кога долговите изнесуваат повеќе од 90 проценти од националниот продукт, тогаш порастот го ограничуваат различни ефекти, меѓу нив и ефектите од каматите“, укажува Денис Сноер на сознанијата од една студија на американските економисти Кармен Рајнхарт и Кенет Рогоф.

Банката за меѓународно платежно порамнување пресмета дека до 2040 година каматите на американските долгови толку ќе пораснат, што за нив ќе оди една четвртина од домашниот бруто-производ, а во Велика Британија дури цели 30 проценти. На ова се надоврзува и стареењето на населението во најголемиот број развиени земји. Така, се’ помал дел од населението ќе мора да се грижи за отплата на се’ поголеми долгови. „Стареењето на општествата значи и повисоки трошоци за пензии и за здравство, што уште повеќе ќе ги наголеми проблемите со долговите“, укажува Сноер.

Сево ова води кон предвидувања за понизок стопански пораст во индустриските земји, отколку во изминатите декади. Поради проблемите со долговите, Меѓународниот монетарен фонд неодамна ја намали прогнозата за стопанскиот пораст во зоната на еврото на 1,3 проценти, додека истовремено ја покачи прогнозата за пораст на светско ниво на 4,6 насто.

Кина и Индија релативно лесно ја надминаа економската криза

Повод за тој оптимизам даваат земјите во забрзан подем,

China Hongkong Finanzkrise Börse

Берзата во Кина

посебно Кина и Индија. Тие релативно лесно ја надминаа економската криза и сега имаат подобра појдовна позиција, која претежно се темели врз ниското државно задолжување. Во Кина, и покрај гигантската програма за поттик на конјунктурата, степенот на задолжување ќе достигне 23 проценти од Бруто-домашниот производ. Индија има повисока стапка на задолжување од 54 проценти, но нејзиното стопанство не е зависно од извоз, а со оглед и на младото население неа долгорочно и’ се даваат подобри шанси. Преку 30 проценти од индиското население во моментов се помлади од 14 години.

Според една студија на „Дојче банк рисрч“, степенот на задолженост на развиените нации до 2020 година ќе достигне до 140 проценти, додека кај земјите во забрзан подем ќе падне под 40 проценти.

Гравитациониот центар на светската економија веќе во изминатата деценија почна да се поместува во полза на земјите во подем. Должничката криза во богатите земји ќе го забрза тој процес.

Автор: Жан Данхонг/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска