1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Полјаците се спротивставуваат на договорите на дело

Повеќето вработени во Полска немаат постојано вработување, туку договори на дело, без гаранција за работното место, без право на одмор и уплати за пензиско и здравствено осигурување.Многу Полјаци сега бараат промени.

На соработниците во ланецот дисконти Лидл им е дојдено преку глава. Тие сакаат вистинско вработување, како и сите други вработени во Европа. Наместо тоа, Лидл им даде т.н „ѓубре договори“. Тоа се договори кои се временски ограничени. Лидл може секој ден да им даде отказ, без да наведе причина. Секој десетти Полјак има ваков несигурен договор.

„Страв ни е да кажеме нешто. Ќе морам да одговорам пред мојот шеф. И стравувам дека по овој протест ќе добијам отказ“, вели синдикалката Јустина Крапович.

Дури и при воспитувањето на најмладите има само договори на дело. Обучените воспитувачки во градинка, немаат вистинско вработување, како и 60 проценти од сите млади вработени во Полска. Важат за самостојни претприемачи со договор на дело. И само доколку потпишат ваков договор, добиваат работа. Одмор нема, пензиско и здравствено осигурување плаќаат самите.

„Само затоа што можам да вработам соработници преку договори на дело, ја отворив оваа градинка. Вистински договри за вработување не би можела да си дозволам“, објаснува сопственичката на градинка, Магдалена Питон.

И соработничките имаат разбирање за мадата претприемачка. Тие дури и се задоволни, со оглед дека секој трет млад Полјак е невработен.

„Насекаде, впрочем, се добива само договор за дело, особено на почеток. Така тргна кај мена и кај моите пријатели исто така. Значи тоа што работам тука на ваков начин не е необично. Трпелива сум и можам да чекам вистински договор“, вели воспитувачката Емилија Сиеницка.

Синдикатите и многу Полјаци, меѓутоа, не сакаат повеќе да чекаат. Тие бараат нови закони за работни односи и тоа веднаш, бараат повеќе права и сигурност за вработените.

„Големата невработеност, големата флуктуација и постојаната можност за добивање отказ им влева несигурност на вработените. Тие дури и се плашат дека ќе ги загубат најчесто лошо платените работи. Тие немаат излез, немаат алтернатива“, вели синдикалниот раководител Алфред Бујара.

Невработеноста во цела Полска расте затоа што и економијата повеќе не расте толку силно како минатата година. Затоа ни владата нема намера ништо да менува. Стравува дека во спротивно уште повеќе луѓе не би можеле да најдат никаква работа.