1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Полјаците и Русите се тепаа, Чешка ја победи Грција

Најмалку 10 лица се повредени вчера вечер (12.06.) при судири меѓу фудбалски хулигани и полски полицајци во Варшава, пред почетокот на натпреварот Полска и Русија. Мечот заврши со нерешен резултат.

Како што соопшти полицијата, полицајците употребиле гумени кршуми, солзавец и водени топови при справувањето со хулиганите, кои фрлале со шишиња и камења кон припадниците на полициските сили. При полициската акција се приведени над сто лица учесници во немирите. Според полицијата, во немирите учествувале и руски и полски фудбалски навивачи.

Fußball - Krawalle in Warschau

Полските и чешките хулигани се тепаа пред мечот на националните селекции

Бројните руски навивачи беа запрени на патот кон Националниот стадион во главниот град Варшава. Иако тие биле придружувани од полицијата, набрзо по минувањето на реката Висла се степале со полските навивачи. Потоа двете страни започнале да фрлаат камења врз полицајците. Некои од руските навивачи изјавија дека полицијата не се ни обидела да го спречи судирите со полските фанови, кои во групи од по пет до десет луѓе ги напаѓале Русите.

Fußball - Krawalle in Warschau

Русите обвинуваат дека полицијата не го спречила инцидентот

Се проценува дека во Варшава во вторникот допатувале 20 илјади руски навивачи. Затегнатоста во политичките односи од пред две години, по авионската несреќа во Русија во која загина полскиот претседател Лех Качински и уште 95 лица, сега се пренесува на спортски план.

Мечот меѓу ко-домаќинот Полска и Русија заврши нерешено – 1:1. Во мечот поведоа Русите во 37-та минута со голот на Алан Џагоев, што за него беше трет на шампионатот. Резултатот го изедначи Јакуб Блажиковски во 57-та минута .

На вториот натпревар од второто коло во групата А Чешка ја победи Грција со 2:1. Со тоа фудбалската репрезентација на Чешка се врати во игра за пласман во четвртфиналето на ЕУРО 2012. Чесите целата работа ја завршија по само шест минути игра, кога стекна капитална предност од 2:0.

Fussball Griechenland Tschechien UEFA EURO 2012

Чешка ја совлада Грција

Чешка со гол го отвори натпреварот уште во третата минута, кога акцијата на Хубшнан прецизно ја заврши Јирачек. Три минути подоцна таа предност ја удвои Пилар, кој ја искористи грешката на грчкиот голман Халкијас и од непосредна близина, меѓу двајца противнички дефанзивци ја смести топката во мрежата.

На стартот од вториот дел Грција тргна многу поангажирано и како резултат на таквата игра постигна гол. Една лесна топка, упатена од Самарас, голманот Чех ја испушти, а таа падна на ногата на Гекас, кој без мака ја смести во мрежата.

Во пресрет на последното трето коло Русија е прва на табелата со четири бодови, пред Чешка која има три, Полска има два, а Грција еден бод.