1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Полу(мандат)годие

На 01.06.2008 ВМРО ДПМНЕ доби поддршка од македонските граѓани да ја води земјата. Вонредните избори беа објаснети со потребата за стабилно мнозинство што ќе обезбеди непречено спроведување на реформите. Што е направено?

default

На половина од мандатот на актуелната Влада, во анализата на Дојче веле зборуваат политичари, аналитичари и бизнисмени. Оценките се различни. Зависат од позицијата на тој што ја изрекува и од неговата перспектива на набљудување на работите.

Еден од најискусните политичари на македонската сцена, Стојан Андов не и‘ дава преодна оценка на Владата.

„Мислам дека Македонија не само што не оди напред туку во овие две години назадува“, вели Андов.

Врвните приоритети зацртани во преродбата во 100 чекори, надградена и проширена во 2008, се економски просперитет за подобар животен стандард на граѓаните и евроатланската интеграција на земјата. Тие ветувања не се исполнети.

Дали глобалната економска криза и грчката блокада се само добар изговор или реално оправдување за неисполнетите ветувања?

Новинарот Слободан Чашуле вели:

„Не треба да биде оправдување за нешто

Slobodan Casule Aussenminister Mazedonien 2001 bis 2002

Слободан Чашуле

дали е сторено или не е сторено. Но, треба да биде зрело и реалистично размислување кои се можностите воопшто на светот да оди напред? За мене успех од вонредно значење е што, гледано регионално, претпрпевме помали последици од сето тоа.“

Најубавите ветувања на актуелната власт се однесуваа на странските инвестиции. Најавени се фантастични 8 милијарди евра за 7 години. Но, низнисмените не веруваат во оваа бројка.

Ристо Гуштеров вели: „Тоа е нереална сума, повеќе популистички метод да се зголемат очекувањата на народот.“

На бизнисот му недостигаат свежи пари

Глобалната криза е објективна тешкотија, но има и субјективни слабости кои зависат од надлежните во Македонија, вели биснизменот Тоше Коцевски.

Ако не беа вонредните избори во 2008, оваа 2010 ќе беше редовна изборна година во која гласачите ќе можеа да ги сумираат впечатоците и да го кажат својот збор.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска