1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Полт за Косово

*

Американскиот амбасадор во Белград Мајкл Полт изјави дека САД и ЕУ по 120 денови преговори без разлика на ставот на Русија ќе најдат решение за Косово кое ќе води кон набљудувана независност и зачувување на стабилноста во регионот. Полт не очекува дека во наредните четири месеци Белград и Приштина ќе ги приближат ставовите. Инаку контакт групата вчера во Виена постигна согласност преговорите за Косово во иднина да се водат од тројката Европска Унија , САД и Русија. Останува меѓутоа отворено, кога ќе продолжат преговорите.