1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Полските хулигани- закана за ЕУРО 2012

Во забрефтаната дискусија за Украина, втората земја домаќин на ЕП во фудбал е речиси целосно вон фокусот. Полска е загрижена поради насилството на стадионите и агресивната хулиганска сцена.

Новиот национален стадион во Варшава- штотуку отворен, треба да го означи влезот на Полска во нова фудбалска ера.

Зашто досега пред се’ вакви слики од полскиот фудбал заминуваа во светот: насилни инциденти, расизам, безредија на стадионите. Во меѓувреме сепак помасовното присуство на полицијата, забраните за влез на стадионите и засилените контроли ги покажуваат првите резултати. Исто како и работата на Дариуш Лапински, највисокиот ополномоштеник за навивачи во Полска.

„Веќе 10-15 години бројката на инциденти значително е намалена и во меѓувреме во трите највисоки лиги тие навистина станаа исклучок“.

Силен ангажман против расизмот

Лапински во 90-те години живеел во Германија и доживеал како т.н. проекти за навивачите постепено ги истерале хулиганите од стадионите. Овој принцип сега тој се обидува да го префрли на Полска, така што ги организира мирољубивите навивачи. Притоа мора да се бори против бројни предрасуди.

„Доволно на стадион во Полска да се случи и најмал инцидент и тоа нормално во медиумите од Португалија до Норвешка се опишува како огромно нешто“.

Polnische Hooligans und Polizei in Aktion

Како на Денот на независноста минатиот ноември кога десните радикали ја нападнаа полицијата во центарот на Варшава. Меѓу насилниците беа бројни наводни фудбалски навивачи. Десниот екстремизам меѓу фудбалските фанови е голем проблем во Полска. Против тоа се бори Јацек Пурски од здружението „Never again“, кое поради страв од напади нема официјална канцеларија. Ова здружение го бележи и објавува секој расистички инцидент на стадионите.

„Има недоволна одговорност за борба против расизмот и дискриминацијата на локално ниво на ниво на клубовите. Повеќето од нив многу често не разбираат дека тие ја носат одговорноста за нивните навивачи“.

За време на Европското првенство Пурски и „Never again“ планираа силен ангажман против непријателството кон странците. Така продавниците околу стадионите ќе бидат прогласени за зони без расизам.

Инциденти не се очекуваат

Дариуш Лапински во ЕУРО 2012 гледа единствена шанса за пресврт во полската навивачка култура. Во моментов тој со средства од УЕФА оформува навивачка канцеларија во Варшава од која за време на турнирот ќе се кординираа меѓународните бранови навивачи. По ЕП тоа треба да биде збирно место за мирните фудбалски фанови во главниот град.

„Тие често се жигосувани од медиумите како единствена опасна маса и тие имаат голема желба да го докажат спротивното. За нив европското првенство е можност да и‘ се претстават на Европа во добро светло“

Полјаците оптимистички гледаат на ЕУРО 2012. Безредија не очекува речиси никој. Дали полските навивачи се навистина подобри од гласот што ги бие ќе се знае еден месец кога на националниот стадион во Варшава ќе биде означен почетокот на првенството.