1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Полска - шопинг рај за Германците

Купувањето во Полска за Германците е поевтино, зашто источниот сосед е член на ЕУ, но таму се‘ уште главниот збор го има полската валута - злотата. Нејзиниот курс е значително паднат и тоа им оди во прилог на Германците.

default

Дизелот тече ли тече - прво во резервоарот, а потоа во канистер за бензин. Во Германија смее да се внесе само канистер со 20 литри бензин резерва, но тоа воопшто не ги интересира туристите кои полнат бензин во Слубице. На границата веќе нема контрола, а бензинот, во моментов, е сензационално поволен - еден литар дизел чини околу 80 центи.

На бензинските пумпи во Слубице, кој е оддалечен на неполни пет минути возење од Франкфурт на Одра, има колони германски автомобили. Причина за тоа е слабиот курс на злотата. Ако минатото лето за едно евро се добиваа околу 3,20 злоти, сега се добиваат 4,40 злоти.

„Злотите се паднати за околу 25 до 30 проценти во споредба со претходниот пат. Значи, повторно е исплатливо“, велат шопинг-туристите и додаваат:

„Се‘ е, се разбира, поевтино, тоа е точно. Што се однесува до јадењето и пијалоците, тие се многу поевтини. Зависи од курсот, но во моментов, курсот на размена е за нас

Themenpaket Schengen Abkommen Grenze Deutschland Polen Zittau

Секој викенд преку граница во Полска

поволен.“

„Храна за кучиња, бензин...Ние сме пушачи, па купуваме и цигари. Мора да се наполни гепекот сосема, инаку не се исплаќа. Да се вози 50 или 60 километри само за да се наполни бензин е глупост!“

Една штека цигари во Полска е многу поевтина

На паркиралиштето на еден голем супермаркет во Слубице се паркирани повеќе германски и полски автомобили. Тие се од Бранденбург, од Берлин, но и од подалеку. Едно моче вели: „Доаѓам од Лукенвалде. Тоа е оддалечено 120 километри одовде.“

За момчето, сепак, турата е исплатлива. Тој смета: полн резервоар, полн резервен канистер и уште неколку штеки евтини цигари. За една штека во Полска се плаќа една третина помалку отколку во Германија:

„Една кутија цигари во Германија чини 4,5 до 5 евра, а овде цела штека чини 15 до 18 евра. Една штека има десет кутии и кога се‘ ќе се пресмета ова е во секој случај евтино патување.“

По приклучувањето на Полска кон ЕУ цените се зголемија, и делумно стигнаа на германско ниво. Брановите купувачи почнаа да се намалуваат. Пред се‘ електро-апаратите беа во Германија поевтини отколку во Полска. Слабата злота повторно ја промени ситуацијата. А, германско-полската централа за потрошувачи со седиште во Франкфурт на Одра добива се‘ повеќе прашања од Германија:

„На што треба да се внимава доколку, на пример, склучам договор со некој производител на кујни? На што треба да се внимава при одењето на заболекар? Што треба да се знае ако во Полска купам нешто што потоа нема да ми се допаѓа? Значи, рекламации во широка смисла на зборот.

Zigarettenpackung mit Warnhinweis p178

Цигарите се еден од производите што Германците најмногу ги купуваат на нивните шопинг тури во Полска

Како стојат работите со гаранции во Полска, дали секогаш има гаранција?“

На сите овие прашања може да одговори вработената во Централата за потрошувачи, Катаржина Триц. Централата постои две години и неодамна издаде броушура со договори на германски и полски кои служат како урнек.

„Тоа е доброто во тоа да си во пограничен регион, се има малку повеќе можност за избор и споредба. И не се споредува само цената, туку и квалитетот и сервисот, па потоа се избира она што најмногу ви се допаѓа.“

Тура купување и тура забава - зарем треба уште нешто?

На една пензионерка од Берлин, која исто така во автомобилот става полна корпа за купување, најмногу и‘ се допаѓа тоа што има можност да го спои убавото со корисното. Таа со пријателките на неколку недели оди во Полска.

„Секогаш имаме убав ден. Повеќемина сме и секогаш одиме на убав ручек, а потоа купуваме. Кога времето е лошо и не знаеме што да правиме, тогаш си велиме - одиме и купуваме се‘ одеднаш.“

А, со оглед на тоа што полската валута во моментов има поволен курс, си купиле и неколку стотини злоти повеќе. Не се знае никогаш, злотата можеби повторно ќе „скокне“. „Доаѓаме и кога курсот е слаб и си поминуваме убаво“, вели пензионерката.


Автор: Клаудија ван Лаак / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Невена Георгиевски